menu

Др. Даскалов

Приватна Клиника за Пластична и Реконструктивна и Естетска Хирургија

Face: Процедури - Естетска хирургија

Face: Facelift

Затегнување и подигање на кожата и мускулатурата на челото, лицето и вратот, кој често се комбинира со корекција на очните капаци.

Оперативна техника

Во зависност од промената која сакаме да ја постигнеме, фејслифтот се дели на универзален фејслифт, фејслифт преку мал рез и подигање на вратот.

Универзалниот се извршува со рез кој се наоѓа во косата, непосредно пред ушната школка и зад увото се врши отстранување на вишокот на кожа и затегање на поткожните структури, фасцијата и мускулатурата (SMAS lift).

face.facelift_operative_tech_text2

Време траење на интервенција и тип на анестезија.

Оперативниот зафат се извршува во општа анестезија и трае околу за комплетен лифтинг (чело, образи, врат) 2,5 – 3 часа.

Опоравок од интервенција

Во болница се останува 24-48 часа, дреновите се вадат по 24-48 часа, конците на лицето и преврската се отстрануваат после 7 дена, а конците во косата и позади ушната школка 12-ти ден.

Компликации

Можна е појава на крвни подливи (хематом) и оток во зависност од големината на лифтингот.

Face: Blepharoplastica

Се отстранува вишокот на кожа,периокуларниот мускул и масно ткиво од очните капаци, може да се извршува посебно или заедно (горни и долни капаци). Ова е најчестата естетска интервенција на лицето.

Оперативна техника

Оперативна техника

Време траење на интервенција и тип на анестезија

Се изведува во локална или во општа анестезија и трае околу 1 час.

Опоравок од интервенција

Враќање на нормалните дневни активности по 10 дена.

Компликации

Во првите неколку дена оток и лесни крвни подливи околу очите.

Face: Botox

Прочистен протеин пронајден во Clostridium botulinum. Се употребува за козметски цели во глабеларните линии помеѓу очите, третман на брчки на чело, пушачки линии, се постигнува подигање на веѓите. Обично трае девет до десет месеци.

Како функционира?

Протеините ги блокираат локалните рецептори кои се наменети за мускулна активност. Како резултат на ова, во посакуваната регија ќе дојде до исклучување на мускулната активност.

Face: Зголемување на брада

Face: Аурикулопластика (Otapostasis – Otoplasty)


Корекција на обликот и големината и симетријата на ушните школки. Ова е најчестата естетска интервенција во детската возраст.

Оперативна техника

Оперативна техника

Време траење на интервенција и тип на анестезија

Се изведува во локална анестезија, а кај деца од 5-9 години потребна е општа анестезија поради можна недоволна соработка со пациентот. Интервенцијата трае 1 - 1.5 часа.

Опоравок од интервенција

Преврска и вадење на конците по 10 дена.

Компликации

Оток и мали крвни подливи кои се повлекуваат за неколку дена.


Face: Филери за лице и пополнување на брчки

Има голем број на филери на избор кои сите служат за слична цел, но некои од нив се подобри за одредени делови на лицето. Некои имаат подолг век на траење од други. Корекција на постоечки и спречување на појава на нови брчки.

Зголемување на усни

Зголемување на контурите на усните како и корекција на асиметрија.

Оперативна техника

Зголемувањето може да се изврши со свое масно ткиво како Липофилинг, или преку инјектирање на Аквамид или Хијалурон.

Инфо за пациентот


Припрема за доаѓање на операција.
Пред да дојдете на закажаниот термин за операција, мора да се водите по основните препораки кои ви ги дал докторот во претходните прегледи и консултации (редовна физичка активност, исхрана, одмор и продолжување со терапијата доколку е неопходно).
Секоја интервенција која се извршува во општа анестезија неопходно е да се остане во болница најчесто еден до два дена, операциите се извршуваат во генералната општа болница РеМедика.
Во тек на престојот во болница за вас се грижи цел персонал составен од медицинска сестра, анестезиолог и хирург кои гарантираат 24 часовна нега. Документацијата за пациентот е строго загарантирана.

Најчесто поставувани прашања


Доколку интервенцијата се извршува во општа анестезија не е дозволена храна и пијалоци 4 до 6 часа пред интервенцијата. За сите други интервенции во локална анестезија е дозволено храна и безалкохолни пијалоци како и обично.
Накитот и пирсингот мораат да се отстранат во тек на операцијата, исто така се препорачува пациентката да биде без шминка.
Пушењето е строго забрането за време на престојот во болница.