menu

Др. Даскалов

Приватна Клиника за Пластична и Реконструктивна и Естетска Хирургија

Гради: Процедури - Естетска хирургија


Гради: Аугментација – зголемување на градите

Хируршко зголемување на величината на градите, со пласирање на импланти со силиконски гел. Ова е најчестата и најлесната естетска корекција на гради.

Аугментација на гради би била добра опција за вас:

  • Доколку сте физички здрави
  • Имате реални очекувања
  • You are bothered by the size of your breasts
  • Не сте задоволни со нивната форма или големина
  • Your breasts vary in size or shape

Оперативна техника

Имплантите се пласираат најчесто преку рез на долниот раб на брадавицата со должина од неколку центиметри, така што е скриен и неприметен за да се постигне максимален естетски ефект потоа. Се пласира под жлезденото ткиво,под фасцијата од градниот мускул ( субмамарно), или под пекторалниот мускул (субмускулно, субпекторално). Постои и пристап преку инфрамамарната линија или преку пазувната јама или преку папокот кај пациентки со послабо развиени гради или на специјално барање.

Време траење на интервенција и тип на анестезија

Интервенцијата трае од 1 до 1.5 часа и се извршува во општа анестезија.

Опоравок од интервенција

Враќање на вообичаените секојдневни активности после неколку дена, конци се вадат после 9 дена, и по интервенцијата пациентката е задолжена да носи спортски градник 2 месеца, со поштеда од физичко вежбање.

Компликации

во многу мал процент може да се јави краткотрајна намалена или зголемена осетливост на брадавките, мал оток и црвенило кои се повлекуваат најкасно за 2 недели.


Гради: Редукција на гради

Смалување, преобликување и подигнување на големи и опуштени гради.

Оперативна техника

Техника на краток рез (short scar technique)

Време траење на интервенција и тип на анестезија

Интервенцијата трае од 2 до 2.5 часа и се изведува во општа анестезија.

Опоравок од интервенција

Враќање на вообичаените секојдневни активности после неколку дена, конци се вадат после 2 недели, и по интервенцијата пациентката е задолжена да носи спортски градник 2 месеца.

Компликации

Nipple sensitivity disorder, mild swelling and sense of tension that withdraw for 2 weeks.


Гради: Реконструкција на гради

Реконструкција односно враќање на волуменот и обликот на градата која претходно била одстранета најчесто поради тумор.

Оперативна техника

Се постигнува со вградување на ткивен експандер со кој прво сакаме да извршиме проширување или експанзија на кожата, кој се полни со течност во времетраење од 6 недели најчесто, и потоа се вади и се става траен имплант. Друг метод е со помош на Бекер-ов имплант кој се користи и како експандер и имплант, меѓутоа се користи според соодветни индикации и од локалниот наод на пациентката.

Време траење на интервенција и тип на анестезија

Операцијата се изведува во општа анестезија и трае околу 1 до 1,5 часа.

Опоравок од интервенција

При имплантиција на експандер, пациентката е задолжена да доаѓа на редовни контроли со цел да се полни со течност експандерот.

Компликации

Оток, црвенило, првите неколку дена има чувство на затегнатост.


Гради: Подигање на гради / Мастопексија

Преобликување и подигнување на опуштени гради

Подигање на градите или Мастопексија, е хируршка интервенција со која постигнуваме подигање и промена на формата на спуштените гради. Со тек на годините, под влијание на фактори како бременост, доење и сила на гравитација градите можат да ја променат нивната форма и големина. Како што кожата ја губи својата еластичност, градите го својот тонус и полека почнуваат да виснуваат надоле. Со Мастопексијата исто така може да се намали и ареолата. Доколку вашите гради го изгубиле својот волумен, после бременоста, со мастопексијата заедно може да се вградат и импланти за да се добие посакуваниот облик и големина. Лузната на градата по интервенцијата најчесто зависи од техниката која ќе се примени.

Оперативна техника

Техника на краток рез (short scar technique).

Време траење на интервенција и тип на анестезија

Интервенцијата трае од 1.5 до 2 часа и се изведува во општа анестезија.

Опоравок од интервенција

Враќање на вообичаените секојдневни активности после неколку дена, конци се вадат после 2 недели, и по интервенцијата пациентката е задолжена да носи спортски градник 2 месеца..

Компликации

намален осет на брадавиците и оток кој се повлекуваат за 2 недели по операцијата.


Гради: Гинекомастија

Смалување на градите кај машкиот пол, поради зголемено масно или жлездено ткиво

Оперативна техника

Жлездата се одстранува преку мал рез кој се прави околу брадавката, кај по гојазни пациенти исто така се врши и аспирација на масното ткиво со липосукција.

Време траење на интервенција и тип на анестезија

Операцијата се извршува во општа анестезија и трае 1 – 1.5 час.

Опоравок од интервенција

Дреновите се отстрануваат после 24 или 48 часа, конци се вадат на 9 ден, еластичен појас се носи 2 месеца.

Компликации

Оток, црвенило.

Гради: Inverted nipple

Инфо за пациентот


Припрема за доаѓање на операција.
Пред да дојдете на закажаниот термин за операција, мора да се водите по основните препораки кои ви ги дал докторот во претходните прегледи и консултации (редовна физичка активност, исхрана, одмор и продолжување со терапијата доколку е неопходно).
Секоја интервенција која се извршува во општа анестезија неопходно е да се остане во болница најчесто еден до два дена, операциите се извршуваат во генералната општа болница РеМедика.
Во тек на престојот во болница за вас се грижи цел персонал составен од медицинска сестра, анестезиолог и хирург кои гарантираат 24 часовна нега. Документацијата за пациентот е строго загарантирана.

Најчесто поставувани прашања


Доколку интервенцијата се извршува во општа анестезија не е дозволена храна и пијалоци 4 до 6 часа пред интервенцијата. За сите други интервенции во локална анестезија е дозволено храна и безалкохолни пијалоци како и обично.
Накитот и пирсингот мораат да се отстранат во тек на операцијата, исто така се препорачува пациентката да биде без шминка.
Пушењето е строго забрането за време на престојот во болница.