menu

Др. Даскалов

Приватна Клиника за Пластична и Реконструктивна и Естетска Хирургија

Тело: Процедури - Естетска хирургија

Тело: Липосукција на тело


Тело: Липосукција Тело (Липосукција, Lipofilling)

Преобликување на телото преку отстранување на вишокот на масно ткиво од разни делови на телото како подбрадок, бедра, бутови, грб, горен и долен дел од стомак, задник, колена, потколеници и раце. Отстранетото масно ткиво може да се искористи повторно за естетско зголемување на усните, јаболчниците, образи, брадата, пополнување на некои дефекти на делови од телото(лице,гради, раце и нозе) каде е тоа потребно( Липофилинг).

Оперативна техника

Се извршува со помош на специјални канили и се аспирира под вакум, предноста е што се изведува низ многу мали отвори на кожата од неколку мм кои по интервенцијата не се познаваат воопшто.

Време траење на интервенција и тип на анестезија

Интервенцијата трае околу 1 -2.5 часа во зависност од тоа на колку регии се прави липосукција и обично се изведува во општа анестезија, а кај Липофилинг се користи локална анестезија.

Опоравок од интервенција

Враќање на нормалните физички активности за 5 - 7 дена, по операцијата пациентот мора да носи спортски појас 2 недели.

Компликации

Појава на мали крвни подливи и оток на местото каде е работено кои се повлекуваат за две недели.

Тело: Total body lifting

Цел

Отстранување на вишокот на кожа и масно ткиво на сите делови од телото, како последица од нагол губиток на тежина.

Оперативна техника

Оваа интервенција поради комплексноста се изведува во два акти. Во првиот акт се врши абдоминопластика и отстранување на вишокот од стомакот со зацврстување на мускулите од предниот абдоминален зид, отстранување на вишокот на кожа од боковите и грбот со обликување на глутеалната (седалната) регија како и редукција на обемот на бутовите. Вториот акт се извршува после неколку месеци каде се врши корекција на градите и затегање на кожата доколку е тоа потребно, во истиот акт се вршат и секундарни корекции кои се надополнуваат на првиот акт.

Време траење на интервенција и тип на анестезија

За овој тип на интервенција пациентот мора да има стабилна тежина во последните 6 месеци и да не боледува од други тешки болести. Се изведува во општа анестезија и трае 5 часа. Конци се вадат по 2 недели.

Компликации

SОтоци, крвни подливи и неправилност на лузните.


Тело: Дерматолипектомија

Дерматолипектомија

Дерматолипектомија е обемен хируршки зафат со кој се отстранува вишокот на кожа и масно ткиво од долниот дел на стомакот. При оваа интервенција мускулите кои се ослабени пример при бременост може да се затегнат.

Оперативна техника

Се прави хоризонтален рез во долниот дел на стомакот (како за Царски рез). Вишокот на кожа и масно ткиво се отстранува а по потреба може да се направи во истиот акт и липосукција на боковите и бутовите како и зајакнување на мускулатурата на абдоминалните мускули..

Време траење на интервенција и тип на анестезија

Интервенцијата се извршува во општа анестезија и трае 2-2.5 часа во зависност од големината на зафатот.

Опоравок од интервенција

Дреновите се отстрануваат после 48 часа од операција а конците се отстрануваат на 12 ден. По операцијата пацинтот е задолжен да носи еластичен појас околу месец дена и штедење на организмот од тешки физички работи.

Компликации

Отоци и хематом.

Тело: Labiaplasty

Тело: Корекции на задник

Цел

Зголемување и подигнување на глутеалната регија или задникот со помош на импланти или со сопствено масно ткиво.

Оперативна техника

Имплантите се ставаат преку мал вертикален рез во горниот дел од задникот кој е заеднички и за двата импланти, се имплантираат под глутеалниот мускул.

Време траење на интервенција и тип на анестезија

Се изведува во општа анестезија и трае 1 – 1.5 часа.

Опоравок од интервенција

Намалени секојдневните активности првите 7 дена по операција, конци се отстрануваат по 9 дена.

Компликации

Отоци и крвни подливи околу местото каде е работено, непријатност при седење во првите неколку дена.

Инфо за пациентот


Припрема за доаѓање на операција.
Пред да дојдете на закажаниот термин за операција, мора да се водите по основните препораки кои ви ги дал докторот во претходните прегледи и консултации (редовна физичка активност, исхрана, одмор и продолжување со терапијата доколку е неопходно).
Секоја интервенција која се извршува во општа анестезија неопходно е да се остане во болница најчесто еден до два дена, операциите се извршуваат во генералната општа болница РеМедика.
Во тек на престојот во болница за вас се грижи цел персонал составен од медицинска сестра, анестезиолог и хирург кои гарантираат 24 часовна нега. Документацијата за пациентот е строго загарантирана.

Најчесто поставувани прашања


Доколку интервенцијата се извршува во општа анестезија не е дозволена храна и пијалоци 4 до 6 часа пред интервенцијата. За сите други интервенции во локална анестезија е дозволено храна и безалкохолни пијалоци како и обично.
Накитот и пирсингот мораат да се отстранат во тек на операцијата, исто така се препорачува пациентката да биде без шминка.
Пушењето е строго забрането за време на престојот во болница.