menu

Др. Даскалов

Приватна Клиника за Пластична и Реконструктивна и Естетска Хирургија

Субспецијалист по Пластична и Реконструктивна , Естетска хирургија и Специјалист по Општа хирургија

Др. Даскалов Огњен е роден во Скопје 1961 г. дипломирал на Mедицинскиот факултет во Скопје 1984 г. и специјализирал Општа Хирургија во Универзитетскиот Клинички Центар – Скопје 1992год.,а субспецијализацијата по Пластична и Реконструктивна Хирургија 1996год. каде работи до 2007 г. Професионалното усовршување го продолжува во еминентните центри за пластична хирургија, 6 месеци во Лион – Франција (Dr. J. L. Foyatier, Dr. C. Masson and Dr. E. Dellay) 1993 год., и 6 месеци Барселона – Шпанија Dr. Antonio Tapia 1998 г. За прв пат во Македонија отпочнува со примена на ткивни експандери, реконструкција на дојка, фасциокутани резени и бројни хируршки техники од естетската, микрохирургијата и реконструкција на изгореници, техники за face lift, операции на нос и гради и анти ageing третмани.

На негова голема среќа и задоволство имал можност да учи од доајените и еден од основоположниците на Македонската Пластична хирургија под водство на Др. Андреја Мишковски. Неговата хируршка техника и знаење, кој беше ученик на Др. Џ. Барон (Англија), едуцираше генерации хирурзи и не направи рамни на колегите од Југословенските простори и ни ги отвори вратите рамноправно да се едуцираме и работиме во Европа и светот. Со големо задоволство ги спомнува и Проф. Др. Д. Мирчевска и Др. Л. Бошковски основоположник на модерната микрохирургија и хирургија на шака во нашата земја, Др. Л. Дамевска и Проф. Др. Џ. Џокиќ.

Дипломирал на Медицинскиот факултет во Скопје во 1984г. со просек од 8,8. Од 1985г започнал со волонтерска работа на клиниката за Пластична и Реконструктивна хирургија во Скопје. Ја почнал специјализацијата по Општа хирургија од 1988 -1992 и субспецијализацијата по Пластична и Реконструктивна хирургија од 1994 – 1996г. Др.Даскалов Огњен бил избран за асистент на хируршките клиники на Медицинскиот факултет во Скопје во 1992г. Од тогаш наваму има учествувано во голем број активности на курсеви,едукација и конгреси Љубљана 1989г. Загреб 1990 г. Во 1996 г. го положува субспецијалистичкиот испит . Во 1993г. Престојува 6 месеци во Лион – Франција Hospital Saint Luc, Cervice De Chirurgie Plastique et Reparatrice, Center des Brules (центар за изгореници), Dr. C. Masson and Dr. Foyatier. Во Мај 1993г. Ја продолжува својата обука во Лион – Франција Centre regional Leon Berard, Plastic et Reconstrurice, Dr. E. Dellay. Во 1998г. престојува 6 месеци во Барселона – Шпанија во Quiron Hospital de Barcelona во тимот на најдобриот пластичен хирург во Шпанија Dr. Antonio Tapia. Во 1999г. станува шеф на клиниката за Пластична и Реконструктивна хирургија до 2007г. кога си заминува во приватното здравство. Во период од 2003 – 2009г. е претседател на МАПРЕХ Македонската Ассоцијација на Пластична и Реконструктивна Хирургија. Автор на повеќе од 40 научни трудови за Пластична хирургија како за: ткивни експандери, реконструкција на гради и реконструкции на конгенитални аномалии (Cheilognatopalato schisis),естетска хирургија на нос и гради. Во 2007г. ја отвара својата Приватна ординација и почнува да соработува со приватните клиники Ремедика и Систина и од 2013г. работи само во неговата ординација и првата приватна општа болница Ремедика.

Инфо за пациентот


Припрема за доаѓање на операција.
Пред да дојдете на закажаниот термин за операција, мора да се водите по основните препораки кои ви ги дал докторот во претходните прегледи и консултации (редовна физичка активност, исхрана, одмор и продолжување со терапијата доколку е неопходно).
Секоја интервенција која се извршува во општа анестезија неопходно е да се остане во болница најчесто еден до два дена, операциите се извршуваат во генералната општа болница РеМедика.
Во тек на престојот во болница за вас се грижи цел персонал составен од медицинска сестра, анестезиолог и хирург кои гарантираат 24 часовна нега. Документацијата за пациентот е строго загарантирана.

Најчесто поставувани прашања


Доколку интервенцијата се извршува во општа анестезија не е дозволена храна и пијалоци 4 до 6 часа пред интервенцијата. За сите други интервенции во локална анестезија е дозволено храна и безалкохолни пијалоци како и обично.
Накитот и пирсингот мораат да се отстранат во тек на операцијата, исто така се препорачува пациентката да биде без шминка.
Пушењето е строго забрането за време на престојот во болница.